top of page
© MED-EL

Нашата примарна цел е да ги зајакнеме јазичните способности и комуникациски компетенции и да ја подобриме отпорноста на дел од фамилијата која нема проблеми со слухот, нудејќи им ги потребните образовни алатки.

Нашиот интернационален тим на партнери ќе работи заедно да им ги обезбеди следните образовни алатки на родителите:

1) Едукативна алатка за семејството:

која ги поддржува семејствата со можност за слушање, кои имаат дете со оштетен слух при јазично усвојување на говорните и знаковните јазици.

Во неколку видеа и три книги со илустрации, ние нудиме ресурси за јазично усвојување.

Децата треба да знаат дека луѓето со оштетен слух се повеќе од нивната попреченост.

Тие може да живеат исполнет живот и може да имаат многу пријатели и таленти, без разлика на технолошките помагала.

2) Интернет курс за родителите

претставува флексибилен сет на едукација, тренинг и информативен материјал за независно учење за глувоста, знаковниот јазик и социјалната инклузија преку само-насочување.

Во пет модули, сите членови на семејството учат за сите важни информации кои се потребни за функционирање на нивниот член на семејството со оштетен слух.

Почнува со функционирање на увото, продолжува со комуникација преку знаковен јазик, справување со новата ситуација, ја опфаќа темата за социјална инклузија и како може да се застапува членот на семејството кој има проблем со слухот, и завршува со заедничко изучување на материјалот со семејството.

3) Програма за обука за возрасни едукатори

која ги учи како целосно да ги искористат потенцијалот на SILENT едукативните алатки и ја поттикнува взаемната поддршка помеѓу родителите при користење на SILENT интернет платформата.

bottom of page