Нашиот тим:
Проектот го развива тим од шест организации од Австрија, Словенија, Северна Македонија, Португалија, Кипар и Холандија како што следува:
InterAktion
InterAktion е организација од Австрија која се фокусира на човековите права, издржливоста и интеграцијата на бегалците и младите луѓе кои доаѓаат од мигрантски семејства.
Мултинационалниот тим поттикнува интеркултурни дијалози помеѓу луѓе од различно потекло и различни култури преку неформални образовни методи. Организацијата промовира активно граѓанство и волонтерство кај младите во Австрија и придонесува за личен развој и вклучување на маргинализираните групи и младите во ризик. Се фокусира на подигање на свеста кај младите за глобалните предизвици и одржливите системи и им помагаме да разберат дека одржливоста започнува со лични и колективни ставови. InterAktion помага да се поттикнат и создадат интегрирани заедници кои би им вградиле на поединците доверба и свесност за нивните компетенции и потенцијал.
Австрија
Parents International
Холандија
Stichting IPA (Parents International) е организација од Холандија која се стреми да ги поддржи родителите да ја променат играта во светот, помагајќи им на нивните деца да растат како среќни и здрави граѓани на 21-от век.
Тие тврдат дека искуствата од и комуникацијата со родителите низ целиот свет помагаат да се одговори на глобалните и локалните предизвици.
Parents International обезбедува форум на кој претставниците на родителите и професионалците кои сакаат да ги поддржат родителите можат да работат заедно во интерес на децата ширум светот. Parents International ги поддржува родителите, се вклучува во сите форми на образование за подобрување на дигиталната писменост, активно работи на еднакви можности за девојчиња и жени, се залага за социјална вклученост на сите групи и силно се залага за правото на децата да го користат нивниот мајчин јазик и да ја негуваат мајчината култура .
DUGS
Здружението на наставници на лица со попречен слух од Словенија е волонтерска, невладина организација со наставници кои имаат попречен слух, наставници на лица со попречен слух и волонтери кои работат со деца и ученици со попречен слух.
Најголем дел од членовите работат во Љубљанскиот институт за глуви и наглуви лица.
Меѓу волонтерите имаме возрасни лица со попречен слух кои им го пренесуваат своето искуство на младите лица со попречен слух на нивниот пат кон животот, давајќи им сила.
На овој начин ја зајакнуваме нивната позитивна слика за себе, самодовербата и им даваме алатки за да бидат успешни во светот, особено помеѓу лица кои немаат попречен слух.
Младите лица со попречен слух исто така ја учат културата на глувите/наглувите како и нивната историја. Истовремено, младите лица го развиваат сопствениот позитивен идентитет во општеството и културна средина којашто ги поддржува и ја гледа заедницата на лица со оштетен слух како и лингвистички-културномалцинство, препознавајќи ги како еднакви на сите други јазични групи
Словенија
Хуманост
Здружението Хуманост е креирано во 1988та година во Македонија, со цел да одговори на потребите на луѓето кои се во ризик од осиромашување и социјално исклучување.
Целта е да им се дадат можности на луѓето за да можат да учествуваат во економскиот, социјалниот и културниот живот и да ги уживаат животните стандарди и социјалните услови.
Хуманост се стреми да ги сплоти сите инволвирани во процесот на одлучување за нивниот живот и пристапот до нивните фундаментални права Организацијата работи со различни таргет групи и обезбедува различни социјални сервиси, како што се личната асистенција и помош и нега во домот. Хуманост овозможува социјална интеграција и социјализација на луѓе со попреченост и оштетен слух и има искуство во соработка со различни организации за да ги постигне своите цели.
Северна Македонија
RightChallenge
Португалија
Rightchallenge е невладина организација од Португалија која има за цел да го промовира образованието и обуката како поттикнувач на социјалната вклученост и еднаквите можности.
Тие веруваат дека образованието треба да се фокусира на интегралниот развој на сите луѓе, без разлика на нивниот социјален статус, пол, возраст или потекло, со цел да ги подготви да интервенираат и да учествуваат во сите димензии на општеството. Како организација активно вклучена во заедницата, нејзиното мото е доживотното учење. Тие цврсто веруваат дека доживотното учење игра клучна улога во социјалната кохезија, бидејќи поддржува активно и одговорно граѓанство. Нивните интервенции промовираат развој на човечки ресурси и градење капацитети во областа на образованието, обуката, младите и спортските активности.
CSI - Center for Social Innovation
Кипар
Центар за социјална иновации (ЦСИ) е организација за истражување и развој, чии фокус е поттик на социјални иновации кои можат да донесат позитивни промени на национално, регионално и глобално ниво. Тимот на ЦСИ се состои од отворени и целосно опремени истражувачи, иноватори, менаџери на проекти, тренери и специјалисти за технолошки информации. ЦСИ поседува способност и капацитет да ги идентификува социјалните потреби, да дизајнира и имплементира прилагодени иницијативи и да обезбеди одржлив раст. Областите во кои тимот на ЦСИ поседуваат експертиза се многубројни и ги вклучуваат полињата на традиционална едукација, интернет едукација, иновација и социјална должност.
ЦСИ се потпира на 50 годишно искуство преку глобалната мрежа и има за цел да ги реши системстемските социјални, едукативни и економски проблеми.